Оригиналниот Швајцарски метод ТРМ кој што се користи во центрите Figurella има неколку важни предности:

Природен третман: се основа на одреден тип на вежби и движења кои што се повторуваат и се базирани на природната физиологија на организмот. Вежбите се изведуваат во легната положба, со постепено додавање на малку топлина.

Индивидуална програма: Зависно од проблемот кај секоја клиентка поединечно, се одредува и нејзината лична програма на вежби и начин на исхрана.

Континуирана контрола: секоја госпоѓа за време на целата програма редовно ја следи личен асистент од центарот кој што го контролира правилното изведување на вежбите и целокупната ефикасност на програмата.

Гарантирани резултати: единствен центар кој што дава писмена гаранција за сигурни резултати.

Долготраен ефект: со третманите се менува целосно структурата на ткивото на критичните регии, а воедно и клиентката се советува да следи здрав стил на живот, така што добиенот резултат се одржува и во иднина.

За разлика од многубројните методи и производи кои што ветуваат нереални очекувања и чудесни резултати, Figurella не е магичен метод на слабеење. Ние знаеме дека идеалната тежина не е бројка, туку состојба која директно придонесува до тоа да се прифатите себе си, живеете релаксирано, без непријатности и се чувстувате млада, жива, динамична и убава.

Вратете ја физиолошката и емотивната хармонија во својот живот со Figurella

Што е Figurella ?
Како се изведува ?
Писмена Гаранција